Биткоин постојано се надминува: Вреди над 14.000 долари

Биткоинот кој вчера ја помина границата од 12.000 долари, а на крајот на минатиот месец беше на 10.000 долари, ги оствари едни од најдобрите 24 часа во историјата.

Криптовалутата не само што надмина 13.000 долари, туку само неколку часа подоцна беше на нивото од 14.000 долари. Значи, за само 24 часа растот е над 2.000 долари.

Моменталната цена на биткоинот е 14.475,45 со тренд да ја мине границата и од 15.000 долари во скоро време.

Така, биткоинот е втората најуспешна валута во тој период – по малку познатата „TRON“ криптовалута, кој ја зголеми својата вредност со неверојатни 159% до 0,005 долари за валута.

Инвеститорите во биткоинот се во очекување на почетокот на тргување со фјучерси. Првично тоа се очекува да се случи на „CBOE“ почнувајќи од недела (10-ти декември), а 8 дена подоцна ќе започне трговијата и на „CME Group“.

Податоците на „Zerohedge“ покажуваат дека цената на биткоинот се движела од 12 до 13.000 долари за 17 часа и од 13 до 14.000 долари за само три часа.

Вкупно 5 криптовалути забележаа намалување од 10% во текот на изминатите 24 часа.

Според последните податоци, пазарната капитализација на сите крипто-лутети денес е над 400 милијарди долари во споредба со 10 милијарди долари во почетокот на 2017-та година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven − ten =