Instagram реагира на фотографии кои ги загрозуваат животните

Instagram почна со нова кампања која укажува на негативното влијание која одреден вид на фотографија може да ја има врз зачувување на природата т.е. животинските видови.

Кампањата пред сè е креирана поради корисниците кои ги вознемируваат животните, со цел да направат што подобра фотографија, но и поради корисниците кои фотографираат во загрозени, но и заштитени природни подрачја.

Како што е веќе напоменато, всушност не станува збор за вистинска опција туку за кампања, а истата се активира кога корисникот пребарува хаштагови поврзани со фотографии кои можат да им наштетат на животните и природата.

Во тој случај, на корисникот му се прикажува порака со наслов „Protect Wildlife on Instagram” и предупредување дека фотографиите можат да предизвикаат штета на животните и природата.

Корисниците потоа имаат избор да ги погледнат фотографиите кои се поврзуваат со впишаниот хаштаг, да дознаат повеќе за самата кампања или да се откажат од пребарување на фотографии со таквиот хаштаг.

Опцијата односно кампањата е засега достапна во земјите кои имаат проблеми со т.н. „селфи туризам”.

Извор: Bug.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + 2 =