Колку големи напори прават научниците за откривање на лекови или методи со чија помош би можел да се победи ракот, покажува и овој пример на научниците од Универзитетот Дурам. Имено, тие направиле нано-уред кој целосно ги уништува клетките на ракот во рок од само 60 секунди.

Светлината ги придвижува ситните молекули кои се вртат толку брзо што можат да ги пробијат клетките. Научниците ги тестирале овие нано-уреди на клетките на рак на простатата. Нив им било потребно од една до три минути да се пробијат низ надворешната обвивка на клетките на ракот, а потоа веднаш да ги убијат.

Нивната движечка сила е синџир од атоми кој може да се движи во еден правец поради што молекулите почнуваат да се вртат со голема брзина. Тие дизајнирале неколку различни молекули кои ја придвижуваат светлината.

Нано-уредите треба да ротираат два до три милиони пати во секунда со цел да ги поминат препреките на патот и да бидат побрзи од Брауновото движење. Молекулите можат да се користат за бушење на тунели во клетките, за да може местото да се терапира, или би можеле да станат оружје кое ќе ги разнесе заболените клетки.

Во студијата научниците докажале дека можат да поминат низ животински и низ човечки клетки. Ти продолжуваат да прават експерименти на микроорганизми и ситни риби, па ќе продолжат да прават на стаорци. Доколку тестирањата се покажат како успешни, клиничките тестирања ќе се направат на луѓе.

Д-р. Роберт Пал ја нагласува желбата на научниците, оваа технологија да стане употреблива за рак на дојка, меланом и карцином кој е отпорен на хемотерапија. Според неговото мислење, откако оваа технологија ќе се развие во целост, ќе стане неинвазивна и стапката на лекување ќе биде многу повисока. Студијата е објавена во списанието Nature.