Примери зошто Јапонија е светлосни години пред нас

Јапонците навистина знаат да воодушеват со креативноста и да си го олеснат и разубават животот.

Не е потребно многу за да се заклучи дека Јапонија е светлосни години пред нас. Нивните изуми постојано го восхитуваат светот. Од специјални камиони за селидба до чадори што ја менуваат бојата, погледнете дел од нив:

1. Не постојат канти за цигари затоа што Јапонците не го сакаат мирисот на тутунот. Ако пушите на јавно место, полицаец ќе ви понуди специјално ќесе за отпадоци.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-15.jpg

2. Имаат чоколади во форма на вселенски тела.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-14.jpg

3. Во некои лифтови имаат копче кое сигнализира ако врне надвор.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-13.jpg

4. Дури и капаците на шахтите се вистинско уметничко дело во Јапонија.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-12.jpg

5. Имаат зоолошка градина во која можете да се „ракувате“ со видра.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-11.jpg

6. Пресладок јапонски дрон е испратен во вселената, тој ги фотографира астронаутите и нивната околина.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-10.jpg

7. Имаат авион покриен со илустрации од Покемон.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-09.jpg

8. Измислија камиони за селидба со специјален механизам за отворање од страна за полесно да се складира мебелот.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-16.jpg

9. Во женските тоалети има копче за звуци бидејќи Јапонките се многу срамежливи.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-08.jpg

10. Кога врне некои чадори ја менуваат бојата или на нив се појавуваат цртежи.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-06.jpg

11. Имаат метални столбови за забавување на велосипедистите кои возат пребрзо.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-07.jpg

12. Јапонските научници имаат справа која ја контролира силата на мускулите и го прави телото помоќно.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-02.jpg

13. Имаат фрижидер кој доаѓа кога сопственикот ќе го повика.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-04.jpg

14. Речиси сите гуми за џвакање во Јапонија се продаваат со мали салфетки за во нив да ја фрлите гумата по џвакањето.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-03.jpg

15. Имаат телефонска говорница што служи како аквариум.

15-dokazi-deka-japonija-e-svetlosni-godini-pred-nas-05.jpg

Извор: Crnobelo.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five − 2 =