Американската компанија Apple ќе започне да развива сопствени процесори кои ќе ги користи во своите модели на iPhone и се очекува процесот да започне  во 2018 година.

Потегот на Apple ќе ја намали зависноста на компанијата од „Dialog Semiconductor“, која прави чипови за производителите на смартфони.

– Врз основа на сегашниот план на „Apple“, тие сакаат да ги заменат делумно или речиси половина од чипови, кои ги користат во iPhone, со сопствени следната година – коментира извор за „Nikkei“.

Акциите на „Dialog Semiconductor“ се намалија за 7.2% како резултат на вестите. Акциите на компанијата од Купертино пак, се зголемија за малку пред почетокот на тргувањето денес.

Американскиот технолошки гигант не даде коментар на оваа тема, како и „Dialog Semiconductor“.