Најсмртоносното животно во светот не е она за кое веројатно сите претпоставуваме. Нитуа ајкулата, ниту змиите и останатите крволочни животни не се на врвот на најубиствените животни кои хараат на планетава. Според листата објавена на блогот на Бил Гејтс, за 2016 година најубиствени на планетава биле – комарците!

Да, комарците, оние досадни инсекти кои цицаат крв и пренесуваа вирус од човек на човек. Токму тие се одговорни за најголемиот број смртни случаи кај луѓето поврзани со животни. Според извештајот за 2016-та, 830.000 луѓе годишно го завршуваат својот живот поради некои животни. Од нив, дури 580.000 смртни случаи годишно се поради вирусна инфекција пренесена од каснување на комарци. Од змии страдаат 60.000, а ајкулите се скоро и незабележливи на оваа листа, со во просек само шест смртни случаи годишно.

Комарците се одговорни за ширењето на вирусот Зика, како и за други опасни болести како денга и жолта треска. Но, овие болести и не ја прават најголемата разлика при смртноста, туку маларијата, која и натаму коси на повеќе делови на планетата. Од оваа паразитска инфекција која се шири од комарци, годишно страдаат илјадници луѓе најчесто во субсахарска Африка.