Најстарите луѓе на светот имаат околу 115 години. Со интервенција на научниците во процесот на стареење, животниот век би можел значително да се продолжи и да изнесува околу 140 години.

Најстарата личност на светот била 122-годишна Французинка, која починала пред 20 години.

„Во минатото 70 проценти од луѓето умираа рано од разни инфекции, а денес 70 отсто умираат од болести типични за староста“, вели израелски универзитетски професор Хаим Коен, кој проучува молекуларни механизми на стареење.

„Ако можеме да манипулираме со самиот процес на стареење, можеме да го зголемиме и максималниот животен век“, тврди тој.

Коен и неговиот тим спровеле истражување, во кое се истакнува дека благодарение на напредокот на медицината, очекуваниот животен век на човекот значително се продолжува.

Научниците спровеле над стотици експерименти преку кои интервенирале во процесот на стареење на црв, мува и глодари.

Откриле дека нивниот максимален животен век постојано се зголемува.

Кога слични интервенции би биле направени и на луѓе, максималниот животен век би можел да се продолжи за 30 отсто, сметаат научниците.

Истражувањата на Коен, сепак, се спротивни на истражувањата од Медицинскиот факултет во Њујорк, од кои минатата година беше заклучено дека човечкиот род достигнал природен лимит на траење на еден живот – 115 години.

Извор: B92.net