Биткоин до оваа година беше апстрактен поим кои што го разбираа малкумина, но со зголемувањето на неговата вредност и се почестото споменување на криптовалутите, Биткоин стана светски препознатлив бренд.

Тоа што повеќето луѓе сега го знаат е дека за „производство“ на Биткоин (како и другите криптовалути), потребно е да имате компјутер. Моќен компјутер и многу електрична енергија.

Токму електричната енергија во иднина би можела да биде проблем за „рударите“ на криптовалути. Имено, според неодамна објавено истражување, „рударите“ на криптовалутите, оваа година потрошиле електрична енергија колку и 160 земји во светот – заедно.

Иако количината на електрична енергија која што отпаѓа на производството на Биткоин изнесува 0,13% од светската потрошувачка на електрична енергија, се проценува дека доколку производството продолжи со вакво темпо, „рударите“ би можеле да трошат исто колку и целиот свет до 2020-та година.

Според истражувањата, само во октомври оваа година, потрошувачката на електричната енергија за „рударење“ на Биткоинот пораснала за речиси 30%.

Се проценува дека трошокот за производство на Биткоин на светско ниво изнесува 1,5 милијарди долари, но истовремено, вредноста на произведените Биткоини (моментално) изнесува 7,2 милијарди долари.

Доколку продолжи растот на Биткоин, неговото производство ќе стане уште поисплатливо. Секако, под услов цената на електричната енергија да остане ниска и количината на достапна електрична енергија да биде доволно голема за да ги задоволи „рударските“ апетити.

Извор: Zimo.hr