Речиси 14. 000 археолошки наоѓалишта и историски споменици во САД би можеле да бидат изгубени до крајот на векот, предупредуваат научниците.

Тие сметаат дека до 2100 година, нивото на морињата ќе порасне за еден метар, а наоѓалиштата и спомениците кои се под опасност се наоѓаат во Луизијана, Флорида, Мериленд, Вирџинија, Северна Каролина, Џорџија, Алабама и Мисисипи.

Научниците сметаат дека треба навреме да се размислува за решение, односно преместување на оние споменици, кои според нив се неопходни да се зачуваат.