YouTube тестира сопствена верзија на функцијата Stories

YouTube ја тестира новата опција наречена „Reels” која ќе биде копија на опцијата на Instagram и Snapchat.

Опцијата „Reels” ќе добие сопствен таб кој ќе биде одвоен од главната листа на видеа на YouTube, пишува The Verge.

YouTube се одлучил на оваа опција бидејќи неговите корисници сè повеќе бараат начин да споделат одредена содржина без да мораат да објават снимка на „традиционален начин”.

 „Reels” е моментално во фаза на тестирање помеѓу одбран број на корисници, а компанијата „Google” сè уште не сака да открие кога оваа опција ќе стане достапна за сите. Опцијата за „Stories” на YouTube ќе се разликува од останатите бидејќи пред сè, тие нема да исчезнуваат по 24 часа. Исто така, корисниците ќе можат да ставаат поголем број на објави со различни снимки.

Процесот на креирање на „Reels” е едноставен, смета „TechCrunch”. Корисниците снимаат неколку видеа од кое секое може да биде со должина од 30 секунди, додаваат микс од филтери, музика и текст и ги објавуваат на YouTube.

Уште една добра работа кај оваа опција е тоа што вашиот YouTube нема да ве „бомбардира” со „Stories” на луѓето кои ги следите, туку тие ќе се појавуваат само доколку редовно ги гледате и следите.

Извор: Zimo.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × four =