Amazon патентираше дрон кој сам се уништува во итни ситуации

Едно од главните прашања кога станува збор за дроновите кои служат за достава е што би се случило ако нешто тргне на лошо во текот на доставата, а компанијата Amazon има свое решение.

Amazon оваа недела патентираше дрон кој се распаѓа во итни, односно опасни ситуации.

Станува збор за патент кој се однесува на директна фрагментација на беспилотните летала во итни ситуации.

Во документите стои дека во случај на катастрофален дефект, како што е експлозија на батеријата, контрола врз дронот презема „контролер за фрагментација“.

Компјутерот бргу би можел да го анализира движењето на дронот, временските услови и теренот во негово окружување, пред да се активира „секвенца за фрaгментација“, за потoа дронот полека да започне да се распаѓа во воздухот.

Ова звучи загрижувачки поради безбедносни причини, но, јасно е дека дронот секако ќе падне, па подобро е на површината да заврши во мали парчиња, отколку комплетен.

Илустрација од дукментите за патентот покажуваат како дронот се распаѓа во лет, а потоа удира во дрво.

Меѓутоа, како што е и случај со секој патент, не мора да значи дека Amazon навистина ќе ги произведе овие дронови, туку постои опција само да ги истражуваат можностите за ваков концепт.

Извор: Klix.ba

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × one =