Астероидот 3200 Faeton наскоро ќе пролета покрај нашата планета со доволна брзина за Центарот за помали планети на Меѓународната унија на астрономи да го квалификува како „потенцијално опасен“.

Американската вселенска агенција НАСА очекува Faeton најмногу да се доближи до Земјата на 16 декември, на оддалеченост од 10-тина километри, што е околу 27 пати од просечната оддалеченост меѓу нашата планета и Месечината (384.400 километри).

Faeton е со пречник од околу 5 километри, што го прави трет најголем потенцијално опасен астериоид кој ќе помине покрај плавата планета.

Податоците на НАСА покажуваат дека ова ќе биде најблиско поминување на Faeton покрај земјата од 16 декември 1974, кога пролета на 8 милиони километри оддалеченост.

Меѓутоа, луѓето тогаш не биле свесни за неговото присуство, бидејќи овој астероид бил откриен дури во 1983 година.

„Ова ќе биде најблиското поминување покрај земјата од откритието на астероидот, што е добра прилика за набљудување и детектирање на новите активности“, пренесуваат од НАСА.

Во текот на најблиското поминување покрај Земјата, Faeton ќе биде видлив со помош на помал телескоп на темно небо.

Извор: Tportal.hr