Повеќе од 600 милиони уреди го користат Windows 10

Компанијата Мајкрософт по втор пат оваа година објави статистички податоци поврзани со оперативниот систем Windows 10, а станува збор за податок кој открива дека денес овој оперативен систем е инсталиран на над 600 милиони уреди.

Оваа бројка се однесува на компјутери, таблети, Xbox One конзоли, HoloLens хедсетови, потоа Surface Hub уреди и секако паметни телефони.

Од Мајкрософт првобитно планираа до 2018-та година оперативниот систем Windows 10 да биде инсталиран на една милијарда уреди. Софтверскиот гигант минатата година сепак се откажа од таа амбициозна цел и од таму признаа дека за тоа ќе биде потребно повеќе време, а колку, не беше прецизирано.

Растот на бројот на корисници е побавен од било кога порано откако од Мајкрософт одлучија да ја повлечат понудата за бесплатно инсталирање.

Компанијата претходно оваа година соопшти дека повеќе од 500 милиони уреди користат Windows 10 оперативен систем, но неодамна соопштија дека се откажуваат од Windows Phone оперативниот систем.

Сепак, од Мајкрософт и натаму не се откажуваат од својата цел. До крајот на јуни оваа година имаа 550 милиони активни уреди со инсталиран Windows 10 оперативен систем, а 575 милиони до крајот на септември. Целта до крајот на ноември беа 600 милиони корисници и тоа се оствари.

Извор: Klix.ba

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 5 =