Најновото издание на популарниот Photoshop ќе биде унапредено со технологијата за вештачка интелигенција – корисниците ќе можат со еден клик да селектираат објекти.

Една од најдобрите, најнапредните и најкористени алатки за обработка на фотографии, Adobe Photoshop, веќе ги прави првите чекори кон имплементирање на напредната вештачка интелигенција, со цел да им ја олесни работата на своите корисници.

Една од тие можности кои што ќе ги нуди „машинското учење“ е претставено на краткото видео подолу, а се однесува на алатката за изолирање на одреден субјект на одредена фотографија.

Корисниците досега се соочуваа со проблеми и потребна беше макотрпна работа за на пример да се одделат комплексни објекти од оригиналната фотографија, како на пример развеаната човечка коса. Секако, решение секогаш постои за се во Photoshop, но на тоа беше потребно да се одвои поголемо внимание и да се работи повнимателно.

Photoshop може да се пофали со напредни алатки за одделување на објектите од фотографиите, а сега оди еден чекор нанапред со употреба на вештачката интелигенција, затоа што објектите се одделуваат – со еден клик!

Новата алатка “Select Subject” која што ќе пристигне со најновата верзија на Photoshop благодарение на вештачката интелигенција ќе може да препознае субјект и автоматски да го „изолира“ во однос на позадината.

Јасно е, се гледа дека алатката не е перфектното решение, но кога станува збор за поедноставните објекти, изгледа одлично, на корисниците ќе им заштеди многу време, а секако во иднина и дополнително ќе се унапредува.

Извор: Zimo.hr