Bang & Olufsen брендот ни претстави нова колекција во ограничено издание, наречена Harmonies. И таа дефинитивно ќе го промени вашето мислење за овој бренд.

Се работи за колекција од пет предмети, којашто е карактеристична по зелениот анодизиран алуминиум, деталите од месинг и држачите од дабово дрво. Новиот изглед е применет кај изданијата BeoSound 1, BeoSound 2, BeoPlay A9, BeoPlay M5 и BeoSound 35.

Оваа нова органска тема дефинитивно ја трансформира нордиската естетика на брендот Bang & Olufsen и и’ дава потопло присуство.

Месингот продолжува да доминира на пазарот за домашен мебел и аксесоари, а совршено се вклопува со земјените тонови коишто досега инаку никако не можевме да ги поврземе со брендот Bang & Olufsen. Естетските елементи секако нема да го променат квалитетот на звукот на којшто сме веќе навикнати, но ќе дадат поотворени опции околу позиционирањето на звучниците во ентериерот.

Harmonies колекцијата е достапна за купување уште сега, на одбрани Bang & Olufsen локации, во чест на 92-от роденден на овој бренд.