Прилагодете ja Android платфмормата според ваш вкус

„Андроид“ е познат како оперативен систем подложен на екстремни промени, а овие апликации и поставки ќе ви овозможат да го постигнете тоа.

Сè на „Андроид“ започнува со „Оne Launcher“
1

Голем број корисници на своите уреди сакаат помалку икони, повеќе икони и слично. Во секој од овие случаи ви е потребен „Launcher“. Доколку сакате нешто слично како „Ајос“, инсталирајте ја апликацијата „One Launcher“, а доколку барате апликација што може да намести апсолутно сè, тогаш потребна ви е „Nova Launcher“. Сè што ви преостанува е да пробате и да видите која апликација ви одговара најмногу. Сепак, треба да имате предвид дека која било апликација од овој вид ја забавува работата на паметниот телефон.

Променете ја позадината на вашиот паметен телефон

2

Кој се сеќава на сликите за заднина добиени во пакет со паметниот телефон, кога имате можност да изберете нешто што ќе ви го разубави вашиот телефон? Сè што треба да направите е да кликнете на празниот простор на екранот „Home“, да изберете „Wallpaper“ и тоа е тоа. За оние што сакаат да користат апликации за слика на заднината, треба да знаете дека сликите што се движат ја трошат батеријата, а некои апликации за слики за заднината може да го заразат уредот со малвер.

Местење на иконите на „Андроид“

3

Пакетите икони се тука за да ги разубават иконите што ги добивате во пакет со уредот. Најдобро би било да се одлучите за пакетот „Rugos Premium“, кој на уредот му дава симпатичен ретро-изглед. Тука е и „Cornie Oldie“ што ја има истата функција, но со помалку палети на боја, како и „Revolution“ за сите минималисти меѓу вас.

Престанете да ја користите стандардната тастатура и инсталирајте „Gboard“

 

4

„Андроид“ нуди голем број опции за нагодување на корисничкото искуство, па на вас останува да изберете што е најдобро. За да ви биде полесно додека пишувате, најдобро би било да ја инсталирате „Gboard“.

Извор: Tportal.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 5 =