Лаптопите на Google ќе се отвораат сами

За мрзливи луѓе кои имаат проблеми со отворање и затворање на нивните лаптопи секој ден, Google веќе има решение. Компанијата поднесе патент што наскороќе се најде и во производство, а се нарекува: “Лаптоп со моторизирано позиционирање”.

Во пракса, цртежите на патентот покажуваат автоматска моторизирана шарка која ќе го отвора и затвора лаптопот при само еден допир на поклопецот. Патент исто така вклучува технологија која може да ги открие лицата на корисниците и растојанието од нив, така што автоматски ќе се прилагодува аголот на екранот за максимална удобност.

И додека таквата функционалност се чини дека не е неопходна за повеќето потрошувачи, оние со специфични потреби, но различни степени на попреченост, секако ќе имаат корист од неа. Самиот патент беше поднесен во октомври 2013 година, па Google имаше доволно време да размислува за вистинското вградување на таквата технологија на своите лаптопи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten + three =