Германскиот производител на автомобили BMW ќе инвестира 200 милиони евра во центар за развој на батериски ќелии во Минхен, стои во официјалното соопштение. Компанијата ќе ја насочи сета своја технолошка експертиза во центарот каде што ќе се работи на развивање на оваа технологија како и на самиот производствен процес.

Автомобилскиот гигант ќе инвестира во центарот следните четири години и ќе создаде 200 нови работни места. Неговото официјално отворање е закажано за почетокот на 2019 година. Ќелија е срцето на батеријата. Таа го одредува нејзиниот перформанс, количината на енергија, животниот век, напојувањето.

Центарот ќе вклучува лаборатории и простории за тестирање на прототипови како и специјални оддели за дизајнирање. Истражу