Тојота веќе неколку години развива хуманоиден помошник – робот, а пред два дена Јапонците ја покажаа и третата генерација на овие машини. THR-3 ги проширува можностите на претходните модели и е специјално изграден за тестирање на одредени движења на зглобовите на екстремитетите. Ова се постигнува со контрола на оператори со помош на Master Maneuvering System. Системот вклучува очила на HTC Vive VR, како и сервомотори и ракавици на допир. Сето ова му овозможува на операторот да го контролира робот со извонредна прецизност.

Самиот робот е висок 150 сантиметри и тежи 75 килограми, но тоа е само тест платформа. Идејата е да бидат изградени машини кои ќе можат да помагаат во многу сфери – од домовите на луѓето, до медицински центри, па дури и во вселената.

Toyota има сериозни планови поврзани со роботите кои користат вештачка интелигенција, бидејќи компанијата се обиде да ја купи Boston Dynamics – несомнено најпопуларната и иновативна компанија, што се однесува до развој на роботи.