Нов систем со вештачка интелегенција ќе ги детектира членовите на Фејсбук кои имаат самоубиствени мисли, најавија од социјалната мрежа. Иницијативата е со цел навреме да им се помогне на овие луѓе.

Системот автоматските ќе препознава индикации за самоубиствени мисли во објавите на корисниците, како и во клиповите на „Фејсбук лајв“.

Доколку бидат утврдени таквите индиции, персоналот на Фејсбук ќе биде информиран, како и организациите специјализирани за помош на луѓето со самоубиствени мисли. Системот ќе ги анализира и пораките на членовите со нивните пријатели.

Веќе постојат алатки кои им овозможуваат на корисниците да дадат сигнал, доколку некој нивен пријател сака да стави крај на животот, но системот со вештачка интелегенција ќе овозможи тоа да се прави побрзи.