Видео игрите го намалуваат ризикот од деменција

Постарите луѓе кои редовно играат видео игри имаат 30% помала веројатност да развијат деменција, според една студија на американските научници. Според нив, компјутерските игри го стимулираат мозокот и го забрзуваат нашиот одговор кон визуелниот стимул.

Студијата опфатила над 2800 луѓе со добра физичка здравствена состојба, на возраст од 74 години на почетокот на експериментот.

Во текот на првите пет недели од студијата, учесниците биле подложени на вежбање кое траело најмалку 10 часа. Истражувачите ги проучувале конкретните промени по 5 недели вежбање, а потоа и секоја година до петтата година од студијата. Ризикот од деменција кај овие учесници се намалил за 29% во споредба со контролната група која не практикувала видео игри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × three =