Астронаути пронајдоа живи бактерии чие потекло не е познато

Ова го потврди рускиот космонаут Антон Шкаплеров, кој додаде дека постои можност бактериите да не потекнуваат од Земјата, туку дека имаат некое друго потекло.

На површината на Меѓународната вселенска станица – ISS биле пронајдени бактерии чие потекло не е познато. Тоа го потврди рускиот космонаут Антон Шкаплеров, кој додава дека постои можност бактериите да не потекнуваат од Земјата, туку дека имаат некое друго потекло.

Во текот на земањето на примероците од површината на вселенската станица, научниците пронашле живи бактерии кои не се наоѓале на станицата при нејзиното лансирање.

„Тоа значи дека бактериите дошле на станицата од некаде во вселената и се сместиле на површината на станицата”, рекол рускиот астронаут Антон Шкаплеров, и додал дека примероците ќе бидат истражени.

Експертите додаваат дека е докажано дека бактериите можат да преживеат во безвоздушен простор, што е докажано со експериментите „Тест” и „Биориск”, во кои посебни примероци биле оставани на површината на “ISS” на неколку години, со цел да се открие дали може да преживеат во вселената, но и како вселенските услови ќе влијае на материјалот. Тие микроорганизми од Земјата преживеале во вакуум на температури од -150 до 150 степени Целзиусови, пишува RT.

Како што нагласуваат научниците, бактериите од Мадагаскар и планктоните од Баренцовото море кои биле пронајдени во мај, таму се нашле по еден феномен на јоносферско кревање, феномен во кој супстанците од површината на Земјата се креваат во горните слоеви на атмосферата. Ова би можело да биде доказ дека биосферата се протега многу подалеку во вселената од тоа што досега се верувало.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 12 =