Неколку дена откако новиот iPhone X се појави во продавниците, Samsung објави реклама во која ги исмева телефоните на Apple и нивните купувачи.

Рекламата прикажува еден лојален iPhone корисник кој се одлучува да купи Samsung модел по користење на производите на Apple во изминатите 10 години.

Сега во приказната се вмешува и Motorola, која со својата реклама се надоврзува на крајот на рекламата на Samsung. Новата реклама со наслов “Up-upgrade to Motorola” нуди алтернативен крај на видеото на Samsung, објаснуваат тие на официјалната Фејсбук страна.

Долгогодишниот iPhone корисник кој го заменил својот iPhone со Galaxy Note8, сега открива дека неговата девојка користи Motorola Moto Z2 Play – телефон кој се претвора во проектор со помош на Moto Moda, што секако не е по негова волја.

Motorola во својата реклама не ги исмева директно купувачите кон кои цели, но јасно е во кој правец оди таа.