До крајот на оваа година Илон Маск планира да ја доврши градбата на најголемата светска литиумска батерија во Австралија. Ветил дека ќе биде готова за 100 дена и ќе биде бесплатна. Одбројувањето почна во септември, а до крајот на тој месец градбата веќе беше до половина завршена. До крајот на оваа година треба да започне и испораката на подобреното издание на соларни покриви „солар руф“.

Меѓу првите приоритети на Маск за идната година веројатно е производството на моделот „тесла 3“.

Целта е до март идната година да се достигне производство од 5 илјади примероци месечно. Таа компанија речиси истовремено треба да го испорача ветениот софтвер за автономно возење на автомобилот „автопилот“, кој би требало автономните возила да ги доведе чекор поблиску до петто ниво на автономија пред 2020 година. Следната година треба да биде довршен и проектот за фарма со енергија од сонцето и ветрот во Австралија, за која „Тесла“ треба да ги испорача своите батерии „пауерпакс“.

За 2019 година е закажан почетокот на производство на камионот „тесла семи“. За истата година најавено е и летечкото возило „модел еф“. Тунелот на компанијата „Боринг“ под Лос Анџелес нема прецизно одредени рокови за завршување. Но, се верува дека во наредните неколку години и овој проект ќе биде завршен. За 2020 година плановите се поголеми – во продажба треба да биде пуштен и неодамна претставениот „роудстер 2.0“. Маск во 2021 година би можел ја отвори фабриката за „Тесла“ во Кина. Следната година би требало да испрати прва пратка на Марс со помош на новите повторно искористени ракети од проектот со кој се занимава компанијата „Спејс екс“.

Во 2024 година би требало на Марс да ја испорача првата експедиција со луѓе, а некаде помеѓу 2022 и 2024 година на Земјата би требало да започне супербрзиот ракетен меѓуградски превоз. Маск работи на уште неколку проекти што немаат дефиниран рок познат на широката јавност. Најпознат е „Хајперлуп“, а во моментов во рана фаза на развој е проектот „Неуралинк“, чија цел е поврзување на човековиот ум со вештачката интелигенција.

 Извор: Tportal.hr