На посетителите и аџиите во Големата џамија во Мека и џамијата во Медина ќе им биде забрането да прават селфи, да се фотографираат и и да се снимаат на овие две свети места.

Властите во Саудиска Арабија одлучиле веќе да не доволуваат правење селфи на овие две најсвети места за исламот, за да спречат непотребно вознемирување на луѓето кои сакаат таму да престојуваат во мир и без никакво оттргнување на вниманието.

Припадниците на обезбедувањето на овие две свети места и претходно „непријателски се однесуваа“ кон посетителите и аџиите кои се фотографираа таму. Сега, откако селфито е официјално забрането, на чуварите им е наредено „ако биде потребно да конфискуваат фотоапарати и телефони“.

Извор: Avaz.ba