Во јануари промоција на првиот Micro-LED телевизор на Samsung

Новата линија на телевизори изградена врз основа на micro-LED технологијата Samsung и официјално ќе ја престави на саемот на нови технолошки достигнувања „CES 2018 Consumer Electronics Show“ на почетокот на јануари во Лас Вегас.

Минатиот месец стана јасно дека корејската компанија го забрза развојот на micro-LED телевизиската технологија, која треба да ја замени сегашната LED технологија и да ја зголеми позицијата на Samsung на светскиот пазар. Пречки за масовно пробивање на micro-LED диодите во моментов се техничките потешкотии и скапото производство.

На саемот во Лас Вегас, се очекува промоција на 150-инчен micro-LED телевизор. Новите телевизори ќе бидат на пазарот најверојатно до крајот на 2018 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − nineteen =