Врз основа на пронајдени спектакуларни рушевини се верува дека тврдината била изградена за време на античкото кралство Урарту, меѓу деветтиот и шестиот век пред новата ера.

Тврдината ја откриле археолози во соработка со тим на нуркачи.

Остатоците од тврдината се простираат во езерото на површина од километар. Иако со векови се наоѓаат под вода, врз основа на висината на видливиот дел од тврдината се претпоставува дека ѕидовите се високи меѓу три и четири метри.

„Многу цивилизации и народи се населуваат во областа околу Ван. Го нарекле горно море и верувале дека крие многу мистерии“, вели лидерот на тимот Тасин Џејлан.

„Ова откритие не поттикна да продолжиме со откривањето на тајните на ова езеро старо 600.000 години. Вистинско чудо е да се најде тврдина под вода. Археолозите ќе ја проучат историјата на замокот, па потоа ќе приложат информации за тоа“, додаде тој.

Урарту било античко кралство во Ерменија на чија територија денес се простира дел од Турција, Ерменија и Иран. Езерото Ван се смета за важно место за цивилизацијата.

„Она што сега го знаеме е дека замокот е стар околу 3.000 години“, соопшти гувернерот Ариф Караман.

Тоа не е прво откритие во ова езеро.

Нешто порано оваа година биле пронајдени остатоци од руски брод за кој сметале дека потекнува од 1948 година.

Извор: B92.net