Apple разнежнува срца со романтична празнична реклама. Во видеото, девојка се движи по снежна улица, а откако на iPhone X ќе ја избере песната „Palace“ од Сем Смит, денот се претвора во тивка снежна ноќ и таа започнува да танцува.

Во еден момент, се судира со непознат минувач и веднаш помеѓу нив се раѓа силна искра. Нејзината соло изведба преминува во романтично танцување.