Понекогаш сѐ што ви треба за да ја направите совршената слика е некој од филтрите на Instagram, но тука има еден проблем, морате да ја објавите сликата на вашиот профил за да ја зачувате. Или, не мора?

Постојат голем број на онлајн апликации кои можат да ви помогнат околу обработката на слики, но Instagram е лесен за користење и веќе се имате навикнато на него.

Екипата на How to Geek смисли начин на кој лесно ќе ја обработите сликата на Instagram и ќе ја зачувате без да ја објавувате на вашиот профил. Едноставно, ќе треба да го ставите телефонот во Airplane Mode.

Процесот оди вака: Најпрво, одберете ја сликата која сакате да ја обработите. Потоа, ставете го филтерот и обработете ја по ваш вкус. И сега, пред да го направите последниот потег и да ја ставите на вашиот профил, вклучете го Airplane Mode на вашиот телефон.

Instagram ќе проба да ја објави вашата слика, но нема да може поради вклучениот Airplane Mode. Сликата ќе биде зачувана во вашиот камера албум на телефонот. Instagram ќе проба да ја објави сликата во првата можност, па така следниот потег кој треба да го направите пред да го исклучите Airplane Mode е да го откажете објавувањето на сликата.