Индустријата на видео игрите незапирливо расте

Доколку вие сте оние кои што мислат дека видео игрите се забава наменета за најмладите – се лажете. Гејминг индустријата станува една од најпрофитабилните индустрии во светот.

Индустријата на видео игрите е една од најбрзо растечките индустрии на светот. Колку оваа индустрија пораснала во изминатите години најдобро говорат овие бројки: Минатата година музичката и филмската индустрија заедно заработиле околу 55 милијарди долари, а индустријата на видео игри заработила вртоглави 100 милијарди долари.

Ако се прашувате како е тоа можно – еве го одговорот: Call of Duty, една од најпопуларните видео игри во последната деценија лансираше нов дел наречен WWII на почетокот на овој месец и само во првите три дена заработи над 500 милиони евра!

Видео игрите веќе долги години не се само хоби. Многу професионални гејмери веќе имаат станато милионери, а стотици од нив заработуваат по десетици илјади долари дневно. Повеќето од професионалните екипи живеат заедно во иста куќа, тренираат од 8 до 12 часа на ден – моментално професионалниот свет на гејмингот активно го следат речиси 400 милиони луѓе.

На пример, минатата година само во САД, финалната серија на една од најпопуларните игри на денешницата League of Legends преку интернет ја следеле 36 милиони луѓе. За споредба, минатогодишната финална серија во НБА лигата помеѓу Голден Стејт и Кливленд ја следеле пет милиони луѓе помалку.

Светот на видео игрите во меѓувреме расте и расте. Имено, проценките велат дека бројката на публиката несопирливо ќе продолжи да расте до таа мера, што наскоро можно е таканаречениот Е-Спорт да стане Олимписки спорт.

Кој знае, можеби на Олимпијадата во Париз во 2024-та година ќе го видиме и првиот гејмерски тим од Македонија кој што со џојстик, тастатура или виртуелен волан ќе се бори з златен медал.

Извор: Zimo.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five + two =