Компанијата Honor го претстави својот нов паметен телефон од средната класа – Honor 7X. И тој навистина ќе ве заинтригира…

Се работи за директен наследник на минатогодишниот модел Honor 6X, којшто претставуваше поповолна верзија за флегшип моделот Honor 8. Сега новиот 7X претставува поевтина алтернатива за актуелниот флегшип модел Honor 9.

И додека 6X се издвојуваше од останатите евтини телефони по тоа што понуди две задни камери, коишто главно претставуваат одбележје за поскапите уреди, Honor се надева дека моделот 7X ќе го привлече вниманието со својот 5.93-инчен Fullview екран, којшто е близок со дизајнот до поскапите модели од повисоката класа, коишто се одликуваат со минимални рабови, како што се на пример моделите Galaxy S8 или iPhone X.

Honor 7X поседува сензор за отпечатоци на прсти, како и куќиште коешто е во потполност изработено од метал.

Карактеристиките сепак, оддаваат впечаток дека се работи за уред од средната класа, којшто користи Huawei Kirin 659 процесор. Моделот поседува 4 GB RAM меморија, 64 GB интерна меморија и батерија од 3.340 mAh.

За разлика од некои модели од други производители, Honor 7X не поседува USB-C порт, не е водоотпорен и не поддржува NFC.

Спецификации за Honor 7X

Екран: 5,93-инчен IPS со Full HD+ (2.160 x 1.080 Pixel, 407 ppi)

Процесор: HiSilicon Kirin 659 Octa-Core со 4 x 2,36 GHz & 4 x 1,7 GHz

Работна меморија: 4 GB RAM

Интерна меморија: 64 GB + microSD-картичка до 256 GB

Задна камера: 16MP + 2 MP, LED-Блиц, Автофокус, Видео до максимални 1080p

Предна камера: 8 MP, Видео до максимални 1080p

Софтвер: Android 7.0 Nougat со EMUI 5.1

Батерија: 3.340 mAh

Поврзување: LTE, WLAN 802.11/b/g/n, Bluetooth 4.1, GPS, microUSB 2.0

Достапни бои: Midnight Black, Sapphire Blue

Тежина и димензии: 156,5 x 75,3 x 7,6 mm, 165 грама

 

Извор: Klix.ba