Топењето на Гренланд закана за Лондон, Атина, Дубровник…

Топењето на ледените капаци на Земјата може да има далекусежни последици за многу крајбрежни градови. NASA направи нов модел кој предвидува кои градови ќе бидат најмногу погодени

Моделот ги зема предвид локациите на кои мразот најбрзо се топи, како и дополнителни критериуми како што се ротација на Земјата и гравитација. Сето ова ќе има влијание врз дистрибуцијата на дополнителна вода, велат научниците. Експертите велат дека градовите уште сега треба да прават планови и да преземаат мерки за справување со поплави, дури и ако тие се закануваат да дојдат најрано за 100 години.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Новата алатка на NASA има за цел да им помогне на градовите да симулираат и тестираат потенцијални ризици. Преку неа, секој ризичен град може да го провери топењето на мразот кој е најдиректна закана за него и внимателно да ја следи неговата состојба.

На пример, софтверот предвидува дека ако дел од северозападот од Гренланд почне да се топи, тогаш Лондон ќе биде значително засегнат од појава на големи поплави. За Њујорк да биде засегнат, треба да се истопи цел северен и половина од источниот дел на Гренланд.

Вкупно 293 големи крајбрежни градови низ целата планета се изложени на ризик, во зависност од тоа кој мраз ќе почне да се топи. На Балканот, градови под ризик од поплави поради топењето на мразот на ледниците се Истанбул, Атина и Дубровник, кои за 100 години можат да очекуваат проблеми по порастот на морското ниво.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 − six =