Ричард Браунинг си замислува дека е вистинскиот Железен човек. Британскиот иноватор сега поставил нов Гинисов рекорд со својот костим за летање.

Браунинг сериозно инвестирал во подобрување на костимот со кој успеал да постигне брзина од околу 50 километри на час над езеро во Ридинг, Англија.

Иницијалната верзија на костимот го чинела околу 50.000 американски долари. Потоа, преку својата компанија „Гравитација“, Браунинг успеал да собере уште 650.000 долари инвестиции. Рекордот бил забележан од надлежните на официјалната Книга на Гинисови светски рекорди.

Браунинг го опишал искуството како специјален момент. Тој истакнал дека почувствувал голема енергија кога нозете ја напуштаат земјата и се наоѓате во воздухот. Исто така, ги открил своите планови за надградба на костимот, во чии рамки спаѓа и вградување на крила. Крилата би требало да го продолжат времетраењето на летот и да го намалат користењето на гориво. Повеќе за неговиот рекорд во следното видео.