Русија ќе забрани рекламирање на Google и Facebook

Русија ја разгледува можноста да им забрани на своите компании да се рекламираат на Google и Facebook. Ваквата идеја стигна, откако од Google најавија дека развиваат посебни филтри на вести на нивниот пребарувач кои се специјално наменети за блокирање на руската пропаганда.

Ерик Шмид, директор на компанијата Alphabet, мајка фирма на Google, вели дека нивните филтри нема да преставуваат цензура на информациите, туку откривање на пропагандни материјали од руска страна.

Во Руската Дума веќе е покренато прашањето за изгласување забрана за рекламирање на овие две платформи. Новата „студена војна“ меѓу САД и Русија се разгоре и на ниво на медиуми, откако ФБИ почна со акција за откривање на можно мешање на руската влада во претседателските избори во 2016 година, вклучувајќи и можни врски меѓу вработените и учесници во кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп со руските бизнисмени и функционери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + nineteen =