Отсега па натаму нема потреба повеќе да се оптеретувате нешто особено околу сочувањето на батеријата на вашиот паметен телефон во добра состојба, особено ако истиот го полните најчесто преку ноќ. Порталот Business Insider наведува дека сите ние досега беспотребно сме верувале во митот дека батеријата на паметниот телефон никако не треба да се полни преку целата ноќ.

И иако некои и онака воопшто не се оптеретуваа со овој мит, други навистина внимаваа да го исклучат полначот од телефонот веднаш откако баеријата е наполнета, како не би ја оштетиле истата, бидејќи токму истражувањата го сугерираа тоа.

А сега – заборавете на сите тие истражувања, бидејќи овојпат пристигаат резултати од уште понови истражувања, базирани на искуството и тие се потполно поинакви.

Кајл Виенс, основач и директор на прочуениот медиум iFixit, смета дека ова е чиста глупост, бидејќи искуството тестирајќи ги уредите го научило дека е така, и дека оставањето на батериите приклучени на полнач во текот на целата ноќ никако не може да влијае на капацитетот на самата батерија.

„Се’ се врти околу бројот на циклусите – всушност, работата се состои во тоа дека, се зависи од тоа колку ја употребувате батеријата, односно колку ја принудувате истата да работи”, објаснува Кајл Виенс.

Колку не чини полначот оставен секогаш на штекер

Бројот на циклуси е всушност ознака којашто се користи како би се пресметала употребливоста на батериите – колку пати батеријата ќе биде наполнета до самиот крај, пред значајно да изгуби од својот капацитет.

Виенс смета дека просечноста старост на батериите на денешниот телефон изнесува околу 400 циклуси, што значи дека кај просечен корисник би требало да трае околу година и пол, а потоа би требало да биде заменета со нова. Секако, ова не е нужно, но препораката е дека во просек батеријата кај денешните паметни телефони би требало да се замани најрано за година и пол, особено ако телефонот ви е постојано во рака.

Зошто да се исклучи полначот по полнењето на уредот?

Од друга страна пак, Anker, компанијата којашто се занимава со производство на батерии, наведува дека е важно да го сфатиме следново:

„Што се однесува до постепената ерозија на траењето на батериите, она што мора да се разбере е тоа дека мобилните телефони, а со самото тоа и телефонските батерии, се постојано во состојба на распаѓање. Спиењето со приклучен полнач на телефонот апсолутно нема да влијае на нејзиниот животен век”.

Едноставно, паметните телефони се и токму тоа – паметни – и ќе престанат да ја полнат батеријата токму во оној момент кога таа ќе го достигне својот капацитет на наполнетост до 100 отсто. Во секој мобилен уред е вграден чип којшто го регулира исклучувањето од струја кога батеријата ќе се наполни.

Сепак, полнењето ноќе МОЖЕ ДА БИДЕ опасно! 

Баш како што Apple постојано опоменува во своите прирачници кои што ги испорачува заедно со своите уреди, сите литиум базирани батерии се чувствителни на топлина и таа може секогаш да биде клучен причинител за побрзо опаѓање на капацитетот на батеријата.

Токму поради тоа советот е да се користи единствено само оригинален полнач, којшто заедно со оригинален и уредно сервисиран уред обезбедува уредот да не се прегрее и да не дојде до зголемување на температурата или евентуално палење на било која компонента на телефонот или полначот.

Значи, уште еднаш апелираме да користите единствено само оригинални полначи!

Извор: Mondo.rs