Иновативниот концепт на новата ботаничка градина Bold, во Оман која ќе биде најголема во светот, неодамна беше претставен на јавноста. Соработката помеѓу  ArupGrimshaw, и Haley Sharpe Design  обезбедува прекрасна симбиоза помеѓу архитектурата, инженерството и животната средина на простор од над 420 хектари.

Ботаничката градина ќе ја слави ботаничката разновидност на Оман, вклучувајќи извонредни примероци на ендемична флора. Во рамките на комплексот предвидени се и центри за едукација и истражување. Ќе биде имплементиран најефикасен систем за наводнување, максимално ќе се искористи ориентацијата на објектот со цел оптимирање на природното осветлување, како и други одржливи решенија кои заедно ќе допринесат објектот да го постигне светски признатиот LEED стандард за ефикасна градба.

Oman 3

Oman 4

Oman 1

Ботаничката градина ќе им овозможи на посетителите да се запознаат со флората на Султанатот Оман низ само неколку часа, но без сомнение таа ќе стане популарна дестинација и за локалното население и за туристите. Почетокот на изградбата се очекува да стартува веднаш.