Над Хирошима прв вештачки метеорски дожд

Во 2019 година, во областа на јапонскиот град Хирошима, ќе биде видлив првиот вештачки метеорски дожд. Според информациите од јапонска страна,  вакви планови се изведуваат од страна на јапонскиот технолошки стартап „Ale“, кој планира да го спроведе првиот експеримент со лансирање на специјален сателит.

Според планот на компанијата, во одреден момент од два сателити лансирани од земјата на надморска височина од 400 километри, ќе бидат исфрлени многу специјални топки кои при триењето со атмосферата на Земјата ќе предизвикаат испуштање на необична светлина, слична како онаа која ја произведуваат метеорите кога ќе дојдат во контакт со нашата планета.

Експериментот ќе се одржи во областа Хирошима, но ќе биде можно да се набљудува и во други региони на растојание од 100 километри.

Топките кои ќе бидат исфрлени од сателитите ќе содржат одредени хемикалии кои ќе ги изгорат за десетина секунди и тоа во најразлични бои. Компанијата има намера да ја разработи технологија што ќе овозможи да се осветли небото во случај на вонредна состојба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − 13 =