Тesla доби одлични реакции на новиот електричен камион кој штотуку го претстави. Американскиот малопродажен синџир Walmart објави дека веќе нарачал 15 такви камиони и не е единствената компанија која го направи тоа. Истот го стори компанијата J.B. Hunt Transport Services од Арканзас, но не прецизираа бројка, додека канадскиот синџир Loblaw нарача 25 камиони.

На претставувањето на новиот камион Илон Маск изјави дека производството нема да започне порано од 2019 година. Со оглед на лошата репутација на компанијата со остварувањето на ветувањата, може да се случи да поминат и една или две години повеќе пред Walmart да ги добие првите камиони, пишува Inc.com.

Сепак, ова е многу паметен потег на Walmart. Компанијата имаше проблем со гаснењето на своите продавници и преземање екстремни мерки за да ги спречи вработените да се приклучат на работнички унии, подрршката за Tesla на овој начин ќе го подобри публицитетот на Walmart. Нарачката на камиони во претпродажба не е голема финансиска заложба затоа што според информациите, за секој камион треба да се платат само 5.000 долари. Понатаму Walmart ќе може да ја откаже нарачката и да го добие депозитот назад кога ќе почнат да се произведуваат камионите.

На претставувањето Маск истакна дека електричните камиони ќе чинат 1,26 долари по поминати 1,6 километри во спроедба со дизел камоните кои чинат 1,51 долари. Исто така, ќе можат да поминат 500 километри со едно полнење. Освен тоа, камионите изгледаат навистина „опасно“ и го имаат симболот T на хаубата. Можеби најбитно е тоа што кабината е редизајнирана со екрани на допир, седиште за возачот на средина и простор од речиси цела соба.

Денес има недостиг на возачи за вакви камиони. Камионите на Tesla ќе имаат опција за беспилотно возење, ќе бидат конектирани на систем за менаџирање, па доколку се легалзиираат беспилотните возила, во иднина може да се најдат флоти од вакви камиони кои ќе следат еден водечки камион.