Први гејмерски ракавици за поголемо уживање во VR технологијата

Технологијата за виртуелна реалност заедно со сите уреди за гејминг бележи голема популарност на пазарот, па од компаниите се обидуваат на гејмерите да им овозможат што е можно пореалистично играње на видео игрите.

Првиот чекор кон тоа, секако, беше графиката која што моментално е со огромен квалитет, а со доаѓањето на VR „хедсетовите“ и сензорите за движење, своите движења можеме сега во реално време да ги пренесеме во самите видео игри.

Сега, сето тоа оди чекор нанапред со претставувањето на првата гејмерска ракавица CaptoGlove со чија што помош своите омилени видео игри и уреди ќе можете да ги контролирате со едноставни движења на раката.

CaptoGlove е првиот бежичен носив контролер во облик на ракавица, наменет за поврзување со компјутери и паметни уреди кој што на гејмерите им овозможува да ја користат раката во реално време, односно движењето на својата рака и прсти да го пренесат во виртуелниот свет.

Кога CaptoGlove ќе се спои со VR „хедсет“ се добива неверојатно реално чувство кое што е одлично за FPS игрите и тркачките симулации. Ракавиците се компатибилни со сите постоечки VR „хедсетови“ вклучувајќи ги Oculus Rift, HTC Vive, Samsung Gear VR, Google Cardboard, како и сите iOS и Android паметни телефони и таблети.

Сепак, овие ракавици имаат една маана, а тоа е цената по која што ќе се продаваат – имено, за еден пар ќе биде потребно да одвоите 500 долари.

Извор: Zimo.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen + 13 =