Apple им соопшти на корисниците дека првиот паметен звучник на компанијата управуван со гласовни команди HomePod нема да биде готов за пласман во декември за време на празничната сезона, туку ќе задоцни за некаде на почетокот на следната година.

HomePod e смарт звучник со кој Apple ќе им се спротистави на конкурентите како Amazon Echo, Google Home и останатите. Компанијата од Купертино подоцна се приклучи на оваа нова категорија на производи потпирајќи се на вештачката интелигенција на гласовниот асистент Siri.

HomePod ќе биде најскапиот смарт звучник за домаќинство со цена од 349 долари, а покрај за добивање на информации од интернет, известувања за временска прогноза, организирање, креирање потсетници и поврзување со интернет сервиси и мобилни апликации на iPhone секако ќе служи и за слушање музика.