Првата електрична Vespa веќе од следната година на патиштата

Една година по најавата дека се работи на Vespa на електричен погон, компанијата Piaggio ја претстави продукциската верзија на Саемот за мотоцикли во Милано. Новиот модел е опишан како идеален за урбана средина. Официјалното име на овој скутер е Vespa Elettrica, и со полна батерија може да мине околу 100 km.

Времето на полнење на батеријата изнесува 4 часа, а рокот на траење е 10 години. И електричниот скутер го задржа својот препознатлив класичен дизајн. на купувачите ќе им биде понуден избор од седум бои, а цената сеуште не е позната.

vespa 3

Piaggio најави дека наскоро ќе биде понуден на пазарот и моделот Elettrica X со поголема автономија во возењето (200 km), благодарение на дополнителниот мал агрегат на бензин кој исклучиво служи како генератор на електрична енергија.

vespa 1

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve − four =