Xbox One X ги вчитува игрите побрзо од претходните конзоли

Најновата конзола на Microsoft, Xbox One X, покрај бројните графички надградби, како предност го има тоа што ги вчитува игрите побрзо од неговите претходници.

На интернет се појавија и видеа каде е прикажана видео играта GTA 5 и „Асасин’с Крид: Ориџинс“.

Xbox One X конзолата ја вчитува за само 24 секунди, додека кај Xbox One S тоа трае минута и седум секунди. Сличен е случајот и со „Асасин’с Крид“.

Xbox One X излезе на пазарот вчера и чини 500 долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve − 6 =