Сите дамки на страната од Сонцето која што е свртена накај Земјата исчезнале, кажуваат научниците од Институтот за физика „Лебедев“ во Москва, објавувајќи фотографии снимени пред две недели и предупредуваат дека последиците по Земјата може да бидат опасни.

Нешто не е во ред со Сонцето. Во септември НАСА потврди дека дошло до најголемите експлозии на Сонцето во последните 12 години, што било неочекувано, со огледна тоа дека Сонцето се наоѓа во својот соларен минимум.

Во 2016 година американските научници набљудувале други ѕвезди слични на Сонцето со телескопот Кеплери најавија дека Сонцето влегува во посебна фаза од својата еволуција. Тоа значи дека Сонцето ќе има помали дамки отколку во првата половина од својот живот, проценет на 10 милијарди години.

Научниците претпоставуваат дека процесот ќе се одвива бавно, но според научниците од Инстититутот за физика „Лебедев“, тоа веќе се случило, односно сончевите дамки веќе исчезнале.

– Врз основа на сликите кои што ги имаме, Сонцето неминовно преминува кон вториот минимум, кој што ќе биде достигнат кон крајот на 2018 година или почетокот на 2019 година, се вели во соопштението на руските научници.

Меѓутоа, тоа е само прва фаза од процесот. Според нив, реоните на жешка плазма исто така ќе исчезнат, а потоа сончевото зрачење ќе падне на нула.

– На крајот соларната магнетна енергија ќе исчезне во целост. Во овој облик нашата ѕвезда може да живее од неколку месеци до година дена, по што новите текови на магнетското поле ќе почнат да извираат од длабочината на Сонцето, ќе се појават првите дамки и ќе започне новиот 11-годишен циклус.

Последиците по Земјата би биле заладување, мраз и зголемено количество на снег. Последната ваква т.н. мала ледена доба била во 17-18 век.

Малата ледена доба во Европа и Северна Америка донела ладни зими. На средината на 17 век фармите и селата на швајцарските Алпи ги уништиле глечерите. Каналите и реките во Велика Британија и Холандија често мрзнеле, а првите доселеници во Северна Америка кажувале дека зимите се необично ладни.