Бил Гејтс е еден од оние коишто имале прилика да го пропатуваат целиот свет и да е запознаат со највлијателните луѓе. Меѓутоа, тој имал прилика да се сретне и со сиромашните, што го принудило да размисли со што би се занимавал кога не би ги имал сите тие милијарди.

Основачот на компанијата Microsoft и воедно еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, открива што би правел кога неговата компанија би пропаднала или кога тој досега не би имал заработено 89.3 милијарди долари. Гејтс на својот блог напишал дека би одгледувал пилиња кога не би му успеала идејата околу Microsoft.

– Токму тоа е вистинското прашање за речиси милијарда луѓе колку што денес живеат во екстремна сиромаштија. Не постои ниту еден вистински одговор, и секако, сиромаштијата изгледа поинаку во зависност од местото и делот на светот, но во текот на мојата работа во организацијата, запознав многу луѓе од сиромашни земји коишто одгледуваат пилиња. Научив многу за начинот на нивното одгледување.

А како би го објаснил својот начин на размислување, тој додава дека пилињата се добра финансиска инвестиција бидејќи брзо се размножуваат, и во Западна Африка, на пример, по парче може да се заработат пет долари.

Тој понатаму објаснува дека кокошкините јајца се здрави за целото семејство, бидејќи претставуваат одличен извор на протеини.

Фондацијата за којашто говори Гејтс, “Bill & Melinda Gates Foundation”, соработува со хуманитарни организации и им помага на најсиромашните краишта на светот, такашто им обезбедува стока.

– Особено е важно да им овозможиме на фармерите да купат птици коишто се исправно вакцинирани и прилагодени кон условите за одгледување. Нашата цел е да помогнеме на 30 отсто од семејствата во подсахарска Африка, за тие да имаат подобри услови за одгледување на животните, потенцирал Гејтс.

Извор: Telegraf.rs