Во случај да се прикачи содржина преку една апликација, таа пак ќе биде видлива и преку другата, исто како и доколку содржината се прегледа преку едната, ќе биде маркирана како веќе видена на другата апликација.Овие функции во голема мера ќе ја намалат збунетоста кај корисниците, кои досега мораа двапати да ја аплоудираат истата содржина за да стане видлива и на двете апликации.

Исто така, се напоменува дека „Фејсбук“ моментално работи на функција која ќе овозможува сториите објавени на „Инстаграм“ да се објавуваат и на „Фејсбук“, и обратно.

Треба да се напомене дека „Фејсбук“ има функции Stories во рамките на сите свои социјални апликации – „Фејсбук“, „Месинџер“, „Инстаграм“ и „Ватсап“, така што ваквото соединување не претставува никакво изненадување.