Група научници користеле сознанија од психологијата на масовно убедување и онлајн кампањи и успеале да ја зголемат продажбата на конкретни производи дури за 50%.

Во експериментот во кој биле вклучени 3,5 милиони луѓе, научниците го анализирале обичниот „лајк“ на корисниците на социјалната мрежа Facebook за да влезат во нивната „психолошка трага“, без разлика дали биле интровертни или екстровертни.

Истражувачите, кои немале никаква финаниска добивка од експериментот, докажале дека само еден мал дел од дигиталниот отпечаток на корисникот може да биде значаен за рекламите што подоцна му се нудат.

Сѐ почнало од големата база на „лајкови“ на милион анонимни кориници на Facebook. Луѓето кои ја „лајкнале“ Лејди Гага се окарактеризирани како екстровертни личности, додека оние кои ставиле „лајк“ на Stargate биле интровертни.

Рекламите подоцна биле креирани согласно овие карактеристики, а фидбекот ги зачудил дури и самите научници. Една реклама ја виделе дури 3,1 милиони луѓе, а на секои 10.000 „лајкови“, скоро 500 од корисниците навистина го купувале производот.

Научниците велат дека со овој експеримент сакале да докажат дека сѐ што правиме на социјалните мрежи остава наш отпечаток по кој подоцна ни се „сервираат“ реклами.

Извор: B92.net