Facebook доби нова опција!

Facebook им овозможи на корисниците нов начин да помогнат при големи катастрофи со пуштање на копче за донација.

Компанијата презентираше центар за брз одговор при кризни ситуации пред неколку месеци, за да обезбеди корисни информации. Копчето за донација сега ќе обезбеди подобра помош за жртвите во неволја.

 

 

 

 

 

 

 

 

Од социјалната мрежа ќе соработуваат со непрофитната организација „GlobalGiving“, која работи со партнерски организации за да ги најде најдобрите начини за доделување средства. На овој начин, заинтересираните корисници на социјалната мрежа можат да донираат пари во време на криза без да мора да изберат одредена организација.

Facebook, исто така, вети дека ќе се откаже од сите давачки за донации направени за време на кризи, што е добредојден гест за жртвите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × one =