Ако сте сопственик на новиот iPhone X, веројатно сакате да го разубавите телефонот со убава позадина за екранот. Затоа, iFixit се тука за вас. Тие дизајнираа проѕирни позадини кои ја покажуваат внатрешноста на телефонот.

Веднаш по излегувањето на iPhone X, iFixit им понуди на купувачите на овој Apple производ да симнат една од двете позадини, кои се уникатни на свој начин.

Едната од позадините ја покажува внатрешноста на iPhone X, а другата изгледа како рентен снимка од телефонот. Стандардната позадина ја покажува батеријата, двете камери и процесорот заедно со матичната плоча.

Овие позадини можете да ги симнете од страната на iFixit.

За да ги поставите како позадина, зачувајте ја сликата во целосна резолуција, и потоа одберете „Wallpaper“ од вашето iPhone мени. Стиснете на „Choose a new wallpaper“ копчето и одберете ја сликата која сте ја зачувале. Можете да одберете „Still“ или „Perspective“ опција. Опцијата „Perspective“ е добра опција бидејќи таа им дозволува на пикселите да мрдаат додека го користите телефонот, наместо да бидат фиксирани на едно место.