Бил Гејтс купи околу 10.000 хектари земјиште во областа Вест Вели во Аризона со намера да гради високотехнолошки паметен град. Паметниот град ќе се вика Белмонт. Белмонт ќе создаде напредна заедница со комуникација и инфраструктура која се базира на најнова технологија, пишува Inhabitat.

Мрежите ќе бидат дигитални со најголема брзина, ќе има дата центри, нови технологи за производство и модели на дистрибуција, автономни возила и центри за автономна логистика“ велат од Belmont Partners, компанија која е вклучена во зделката.

Инвестицијата доаѓа од една од компаниите со кои управува Гејтс, чини 80 милиони долари, а градот ќе се простира долж автопатот I-11, кој ќе го поврзе Белмонт со Лас Вегас и други големи градови од регионот. Иако Гејтс на проектот ќе му обезбеди публицитет и финансиска инјекција, на планираната заедница во Аризона се работи од 90-тите години.

Од вкупната територија, околу 1.500 хектари ќе бидат наменети за канцеларии, малопродажба и комерцијални простори, а околу 20 хектари ќе бидат за јавни училишта. Останатиот простор ќе се искористи за 80.000 станбени единици.