Научниците креирале импланти за мозок кои ја подобруваат меморијата за 30 проценти

Тим на научници од Универзитетот во Јужна Калифорнија развил „мемориски протези“, импланти кои би можеле да ја подобрат човековата меморија.

 

Нивното откритие било презентирано на институтот за неврологија во Вашингтон.

Уредот се состои од електроди кои се вградуваат во мозокот и треба да ги имитираат природните процеси на паметење правејќи мали електрични напони во хипоталамусот, дел од мозокот задолжен за учење и паметење.

Кога се во прашање електродите кои ги имитираат вообичаените активности на мозокот, научниците се надеваат дека би можело да им помогне на луѓето со пореметување во паметењето, како што е деменцијата.

Дваесет доброволоци учествувале во експеримент кој го спровел споментатиот тим на научници. На нив им биле прикачени електроди, а потоа им била зададена едноставна момориска игра.

На секој учесник му биле прикажани фотографии во кратка презентација, а 75 секунди подоцна нивната задача била да се сетат на она што го виделе.

Научниците потоа, следејќи ја невронската активност, се обиделе да заклучат што се случува во нивниот мозок, за да дознаат кои делови на мозокот биле активни кога се обидувале да се присетат.

Во понатамошните испитувања научниците употребиле импланти на испитаниците за да ги стимулираат деловите на мозокот кои во претходниот експеримент биле активни.

Како што покажало истражувањето, овој уред може да ги подобри резултатите на тестовите за меморија за дури 30 отсто.

Научниците се надеваат дека во иднина ова ќе се користи во подобрување на паметењето, видот и движењето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine + 10 =